Најмалите Слоу Фуд градинарчиња од Royal kids градинката од Прилеп и оваа пролет неуморни

Веќе трета година по ред откако го посеавме семето на нашата slow food градина. Марула, домати, пиперки, моркови, кромид, спанаќ, на нашата трпеза има во изобилство. Децата вредни и жедни за нови знаења, со своите вредни рачиња, садат, наводнуваат, одгледуваат, и ги берат плодовите за кои грижливо се трудат. А знаете нели, најслатко е кога се бери. Тоа што сами ќе го одгледаме, за кое што даваме грст љубов е најубаво и најслатко. Оваа пролет новитет во нашата slow food градина се јагодите кои штотуку ги посадивме и нестрпливо ги чекаме нивните плодови.

Градинарската активност која ја практикуваат децата е под менторство и надзор на наставниците Јелена Биќанин, Марија Јорданоска, Наташа Ристеска, Мери Рикалоска, Нена Талеска и Виктор Здравески.