Осма регионална конференција ,,Svet obrazovanja brise granice”

Дел од тимот на Royal kids house присуствуваше на осмата регионална конференција ,,Svet obrazovanja brise granice”, на која присуствуваа наставници од целиот регион на Западен Балкан.

Главниот фокус беше ставен на релацијата наставник – дете, како клучна водилка на просветната работа и како целина на која треба да работиме секој ден и да ја надоградуваме.

Стекнувањето и споделувањето на нови знаења и вештини во областа на образованието има суштинско значење, а нашата главна задача се крие во умешноста да го пренесеме.

Само знаењето е богатство кое кога се споделува, станува уште поголемо и помоќно.
Како настан кој ни остави најголеми впечатоци на оваа конференција, ја издвојуваме охридската музичка разгледница, која во уникатен стил го долови древниот дух на градот, како и неговата автентичност.
Го воздигнуваме образованието, а знаењето е најмоќното оружје со кое располагаме

Искажуваме неизмерна благодарност до наставничката Vese Vesela Bogdanovic за несебичната поддршка на нашата работа, како и за секој убав збор и пофалба упатени кон нас.